Реализација на анафорскиот субјект во македонскиот јазик

Autor: Елени Бужаровска, Лилјана Митковска
Jazyk: English<br />Macedonian
Rok vydání: 2019
Předmět:
Zdroj: Journal of Contemporary Philology, Vol 1, Iss 2, Pp 29-50 (2019)
Druh dokumentu: article
ISSN: 2545-4765
2545-4773
Popis: Во овој труд ги претставуваме резултатите од истражувањето на синтаксата на анафорската референција во наративниот дискурс. Главната цел на истражувањето е да ги утврди принципите што го одредуваат реализирањето на анафорските субјекти во наративните текстови на македонски јазик. Текстуалната анализа на избраните наративи опфаќа три формални категории субјекти со кои се кодираат протагонистите во наративите: „празен“ (реализиран преку личната наставка на глаголскиот предикат), заменски и именски. Добиената дистрибуција на секоја испитувана категорија се објаснува преку делувањето на когнитивниот принцип според кој изборот на формата на субјектот зависи од менталната достапност на субјектниот референт во меморијата на слушателот/читателот. Меѓутоа, овој принцип може да се наруши под влијание на други принципи кои предизвикуваат отклонувања од предвидените реализации на анафорските субјекти. Резултатите на анализата ја потврдиja главната хипотеза дека формата на субјектот се одредува од заемодејството на когнитивниот принцип со семантички, синтаксички и дискурсно-прагматички принципи. Делувањето на секој од разгледуваните принципи се објаснува преку примерите од анализираните текстови.
Databáze: Directory of Open Access Journals