ТЕШКОТИИ ВО НАДМИНУВАЊЕТО НА ЕТНОЦЕНТРИЗМОТ КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ПО ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

Autor: Ана Ашталковска Гајтаноска
Jazyk: English<br />Macedonian
Rok vydání: 2022
Předmět:
Zdroj: EtnoAntropoZum, Vol 22 (2022)
Druh dokumentu: article
ISSN: 1409-939X
1857-968X
DOI: 10.37620/EAZ2222116ag
Popis: Турбулентните политички случувања во Македонија во последниве години дополнително го легитимираа парадоксот за етноцентричен етнолог или антрополог, особено во периодот на десно ориентираната власт. Овој феномен има своја историја со оглед на постоењето на концептот за национални научни дисциплини, чија цел е да го негуваат, зајакнуваат и често да го (пре)создаваат националниот идентитет. Таков е вообичаено впечатокот во јавноста за задачите на овие дисциплини. Текстот ги разгледува стереотипните ставови на студентите на Институтот за етнологија и антропологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија, кои сè уште опстојуваат и покрај напорите на вработените да ги деконструираат и проблематизираат од методолошки аспект. Како илустрација за овој парадокс ќе ги користам трудовите на студентите по етнологија и антропологија што содржат етноцентрични, патриотски, па дури и националистички ставови. Иако студиската програма на Институтот не ги поддржува ваквите ставови на студентите во врска со тоа какви истражувачи треба да бидат во однос на нивниот национален идентитет, станува очигледно дека борбата со широко распространетите ставови може да биде многу тешка.
Databáze: Directory of Open Access Journals