Popis: |
Алгебарските рационални изрази се применуваат во природните и техничките науки, како и во геометријата, техниката, но и во различни реални ситуации. Затоа, важноста за нивно детално изучување и совладување е огромна. Нивното изучување започнува во 7мо одделение од основното образование и продолжува во 8мо и 9то одделение согласно Кембриџ програмата, за потоа да се заокружи во прва година средно образование. Понудениот материјал за основно и средно образование треба да биде усогласен со цел да не предизвика појава на проблеми кај учениците при усвојување на поимите, меморирање и нивна примена. Затоа, во овој труд ќе биде направена анализа на усогласеноста на темата во овие два степени на образование. |