Важноста на текстилната индустрија за економијата на Република Северна Македонија

Autor: Zhezhova, Silvana, Janevski, Aco, Jordeva, Sonja, Golomeova, Saska
Rok vydání: 2020
Předmět:
Popis: Текстилната индустрија во Република Северна Македонија претставува една од водечките преработувачки идустрии со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работна сила и извозот. Во оваа индустриска гранка се вработени околу 35.000 работници, што претставува приближно 27 % од сите вработени во производствениот сектор или околу 6,7 % од вкупниот број вработени во земјата. Индустријата е извозно ориентирана и учествува со околу 13 % во вкупниот бруто домашениот производ (БДП) и со 27 % од македонскиот извоз. Во однос на регионалната поставеност, текстилната индустрија просторно ја покрива целата територија на Република Северна Македонија со значителна концентарција во источниот дел од зeмјава. Најголем дел од компаниите (преку 90 %) работат според лон системот на производство, додека само 10 % може да понудат целосен пакет на услуги. Целта на овој труд е анализа на текстилната индустрија во Република Северна Македонија, како и анализа на влијанието на корона кризата врз оваа индустриска гранка. Клучни зборови: Текстилни компании, производство на текстил, производство на облека, лон производство, вработени.
Databáze: OpenAIRE