Autor: |
Bogeva, Elena, Ailer, Štefan, Jakabová, Silvia, Dimovska, Violeta, Ivanova, Violeta |
Jazyk: |
angličtina |
Rok vydání: |
2022 |
Předmět: |
|
Popis: |
На просторите на денешна Македонија има многу вековна традиција за производство на вино. Меденото вино претставува придизвик за нови модерни вински правци. Овa истражување се фокусира на примена на модерното производство на вино и развој на традиционални и нови стилови на вино, со користење на локални сорти грозје (Темјаника и Смедеревка) и автохтона сорта (Станушина) од Тиквешкото виногорје Македонија. За прв пат се произведува и проучува нов стил на вино, добиено со додавање на мед пред ферментација, со цел да се произведат нови карактеристични медени вина со поинтензивна арома, вкус и тело. Примарната проценка на хемискиот состав на произведените вина вклучува определување на општи параметри за квалитет на виното, анализа на полифеноли и антиоксиданти. Овој сеопфатен пристап овозможува да се проучи влијанието на новите процеси на производство на вино во споредба со традиционалните. Развојот на современата винификација со примена на нов стил на локаните сорти ќе придонесе за развој на винската економија и туризмот во земјата, а со тоа ќе се зголеми значењето и препознавањето на локалните македонски сорти. |
Databáze: |
OpenAIRE |
Externí odkaz: |
|