Popis: |
Како истражувачки тим веќе подолго време се занимаваме со категоријата фразеологизми и изнаоѓање на најсоодветени начин за нивно вклучување во наставниот процес особено кога станува збор за усвојување на стански јазик, било да е англиски или германски јазик. Истражувајќи на оваа тема дојдовме до идеја да ја следиме познатата мисла, поговорка или мудост „Ако сакате да го најдете решението на некој проблем, свртете се кон минатото!“. Поаѓајќи од оваа би рекле народна мудрост ние ќе се обидеме да дадеме свое видување за проблемот со фразеологизмите и нивното вклучување во наставниот процес, односно ќе се обидеме да го објасниме најкраткиот и според нас најефективниот начин за нивна имплементација во наставата по странски јазик. |