Исхрана на јагниња со подобрени пелетирани крмни смеси

Autor: Vanevska, Kristina, Nakov, Dimitar, Kuzelov, Aco
Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2022
Předmět:
Popis: Исхраната на фармските животни претставува најголемиот трошок за фармерите и главен фактор кој влијае врз економиката на сточарското производство. Физичката форма на добиточната храна (брашнеста, пелетирана, флекици и поп-корн формите) имаат значајно влијание врз искористливоста на хранливите материи и постигнување на добри производни резултати во сточарското производство. Главна цел на истражувањето беше воведување на подобрена и избалансирана пелетирана крмна смеса базирана на научни докази за товење на јагниња согласно стандардите на модерното сточарско производство. За следење на производните резултати во товот на јагнињата беа формирани две групи по 36 јагниња. Јагнињата во тест групата беа хранети со пелетирана крмна смеса, а јагнињата во контролната група со брашнеста крмна смеса. Товот на јагнињата во експериментот траеше 42 денови. Забележително беше дека на почеток на експериментот јагнињата во тест групата имаа помала просечна маса и помал прираст во споредба со јагнињата во контролната група. Меѓутоа, на крајот од експериментот јагнињата во тест групата постигнаа поголема просечна телесна тежина и подобар прираст во споредба со јагнињата во контролната група. Анализата на варијанса (ANOVA) за производните показатели на јагнињата зависно од исхраната со пелетирани или брашнести крмни смеси, покажа дека постои статистички значајна разлика (p
Databáze: OpenAIRE