Popis: |
Со помош на геофизичките истражувања се постигнува брзо, ефикасно, економично и недеструктивно решавање на одредени проблеми од областа на геологијата, рударството, градежништвото, водостопанството, археологијата, екологијата и др. Геофизичките техники традиционално се поврзуваат со истражување на металични наоѓалишта, но тие исто така, нудат потенцијал за евалуација на геотехничките параметри поврзани со наоѓалиштата на минерали при проектирањето на рудникот. Ваквите геотехнички параметри оценуваат не само квалитетот и димензиите на наоѓалиштето, туку и да го карактеризираат квалитетот на карпестата маса, геолошката структура и режимот на подземните води. Улогата на геофизиката во истражувањето на минералите брзо се прошири во последните децении, но нејзината важност во рударството сеуште не е доволно применета. Бариерите за поголемо прифаќање на геофизиката во рударството се повеќе „културни“ отколку технички, бидејќи рударските компании историски (иако несвесно) ефективно ги отстранувале геофизичарите од персоналот за развој и производство на рудниците. |