Влезна сеизмичка енергија во објект при интеракција тло-темел-објект

Autor: Risteska, Aleksandra
Rok vydání: 2018
Předmět:
Popis: Го проучуваме одговорот на дводимензионален систем тло-темел-објект при сеизмичка побуда во облик на полусинусоиден пулс. Истражувањето е спроведено со примена на компјутерска симулација на ширење на сеизмички бран на нумерички модел. Равенката на бранот е решена со помош на нумеричкиот метод на конечни разлики. Решението се состои од замена на парцијалните изводи во простор и време со нивните апроксимации во конечни разлики. Ја користиме дефиницијата на равенката на бранот преку брзина на честиците, релативните деформации и напоните. Со интегрирање на брзината го добиваме поместувањето во точките. Брзините, поместувањата, напрегањата и релативните деформации во честиците на медиумот се ажурираат во секој временски чекор. За да го верификуваме методот, прво решаваме линеарен модел и ги проучуваме феномените кои произлегуваат од граничните услови на Дирихле, Нојман и условите при подвижни граници. За линеарен модел, користејќи континуитет на поместувања и напони, аналитички може да се определи одговорот, што ни дава и можност да го валидираме нашиот нумерички модел. Крајната цел на истражувањето во оваа дисертација е да се определи како различните параметри: -агол на пропагација на бранот, -крутост на темелот, -крутост на почвата, -степен на нелинеарност на почвата и -времетраење на пулсот влијаат на количината на сеизмичка енергија која ќе влезе во објектот.
Databáze: OpenAIRE