Коментар на Законот за правда за децата со практикум

Autor: Kambovski, Vlado, Buzarovska - Lazetik, Gordana, Nanev, Lazar, Kosevaliska, Olga, Arifi, Besa, Saiti, Dzemali
Rok vydání: 2018
Předmět:
Popis: Коментарот е настанат низ заедничките расправи за решенијата на Законот низ која се проверувани неговите одредби, коментирани се судски и јавнообвинителски одлуки, мерки и активности на центрите за социјална работа и други органи и се давани забелешки и сугестии за нивно подобрување, како и за остварување на претпоставките за нивната ефикасна примена. Подготвуван врз таква основа, придружен и со соодветен прирачник во кој се содржани обрасци за одлуки и мерки што ги донесуваат надлежните институции, Коментарот треба да им послужи на сите што го применуваат Законот за правда за децата, а со своите објаснувања, упатување на соодветни ставови на судската и друга практика, да придонесе за неговата поефикасна примена. Покрај авторите и сите учесници кои учествуваа во расправите за Законот, клучна улога во настанувањето на Коментарот има несомнено УНИЦЕФ, како поттикнувач на целиот нов концепт на правда за децата од самите почетоци на неговото обликување пред повеќе од петнаесетина година, иницијатор за законските реформи и постојан набљудувач на целиот процес на оживотворување на системот на правда за децата во согласност со меѓународните конвенции, норми и стандарди. Без поддршка на УНИЦЕФ немаше да се појави ни овој Коментар, за што му изразуваме искрена благодарност, очекувајќи дека неговото објавување ќе придонесе за натамошно унапредување на системот на правда за децата не само како нормативен, туку и како реален општествен проект. Скопје, Август 2018 Авторите
Databáze: OpenAIRE