Popis: |
Орската традиција како сегмент од духовната култура е форма која помалку е апсолвирана во научните кругови. Во оваа тема ќе се даде осврт на орската традиција прикажана во текстилната орнаментика. Примероци од вакви претстави се сретнуваат по делови од народните носии, делови за украсување, килими итн. Орнаметиката се изведувала во техника на ткаење и везење. Терминологијата на орнаментите е разновидна но најчесто се сретнува со називите; девојчиња, момичиња, кукли итн. Застапеноста на вакви орнаменти е низ цела Македонија а примероците потекнуваат од крајот на 19 и почетокот на 20 век. |