Popis: |
Стратегјата во синџирот на снабдување е област која се занимава со основните иницијативи преземени од страна на главните менаџери во име на сопствениците, вклучувајќи и користење на средства, да се подобрат постигнувањата на фирмите во нивните надворешни средини. Тоа подразбира одредување на мисијата на организацијата, визија и цели, развој на стратегии и планови, најчесто во смисла на проекти и програми, кои се дизајнирани за да се постигнат овие цели, а потоа и доделување на ресурси за спроведување на стратегии и планови, проекти и програми. Концептуалното разбирање на синџирот на снабдување , како и на различните прашања кои се однесуваат на дизајнирање, планирање, или функционирањето на синџирот на снабдување се директно врзани за основните поставки на стратегијата на корпоративно ниво. Исто така се разгледува и значењето на синџирот на снабдување за успехот на фирмата. Наведени се неколку примери од различни индустрии за да се нагласат различни прашања битни за синџирот на стратешко, планско и оперативно ниво. |