Popis: |
Во овој труд ќе бидат презентирани резултатите од шлиховската проспекција преку која се изврши опробување на алувионот на Липовдолска река и река Отиња. На пронајдените златни агрегати се изврши морфолошка и хемиска анализа која покажа дека станува збор за самородно злато кое се карактеризира со висока чистота која се движи од 94 до 99% Au, со многу малку примеси од Ag, Cu и Fe. Морфолошката анализа покажа дека доминира сплесканата форма. Големината на зрната се движи од неколку стотина микрони до 2 mm. Клучни зборови: шлиховска проспекција, алувијално злато, хемиски состав, морфолошки форми |