Основни лабораториски тестови за дијагноза на хемостатски нарушувања кај болни во Медицинскиот центар во Штип

Autor: Dejanova, Vesna, Kamcev, Nikola, Vitlarova, Jordanka, Kamceva, Milka
Rok vydání: 2005
Předmět:
Popis: Вовед: Лабораториските тестови се незаменливи за дијагноза и следење на хемостатските пореметувања, како и за следење на антикоагулантната терапија. Цел: Да се прикажат основните лабораториски тестови и добиените резултати во РЕ Трансфузиологија, а кои служат за дијагноза на болни со хемостатски нарушувања. Материјал и методи: Основни тестови што се користат во РЕ Трансфузиологија за дијагноза на болни со хемостатски пореметувања се: време на крварење; време на коагулација; Rumpel-Leede; одредување протромбинско време (РТ); одредување активирано парцијално тромбопластинско време (APTT); тромбинско време (ТТ); каолин-цефалинско време; тромбоцити; ретракција на коагулум; Howell-ово време, одредување фибриноген и фибриноген деградациони продукти. Се одредува активноста на F II, V, VII, VIII, IX и X, XI и XII. Се користат реагенси од фирмата biopool “A trinity biotech company”. Резултати: Во текот на 2004 година направени се повеќе од 3000 лабораториски тестови за дијагноза на болни со хемостатски заболувања и околу 2000 тромботеста за правење на антикоагулантна активност кај болни со различни срцеви и мозочни тромбози, како и кај болни со тромботични промени на екстремитетите. Патолошките резултати се јавуваат во вид на скусени и продолжени вредности. Скусените вредности укажуваат на хиперкоагулабилна состојба, а продолжените вредности на хипокоагулабилност. Заклучок:Основни тестови за дијагноза на коагулациони пореметувања во нашата пракса се скрининг тестовите. Одредување на број на Тр., одредување на време на крварење, PT, APTT и ТТ. Тестовите се дизајнирани да ги откријат пореметувањата во процесот на коагулација кои се примарно поврзани со пореметувањата на факторите од надворешниот и внатрешниот систем на коагулација и фибриногенот. Ни престојат активности за вклучување на нови лабораториски тестови за детекција на одредени хемостатски пореметувања.
Databáze: OpenAIRE