Popis: |
Во овој труд авторите ги анализираат главните трендови, меѓународни искуства и предностите од воведувањето на специјализирани трговски судови во Република Северна Македонија. Споредбената анализа ги зема во предвид предностите и слабостите од воведувањето на трговските судови. Истражувањето ги анализира исксутвата на земјите од англосаксонсктото право (САД и Велика Британија) и на земјите од континенталното право (Германија, Франција, Италија, Швајцарија и Холандија) како и на земјите од соседството. Дополнително, авторите прават и анализа на искуствата од работењето на стопанските судови во нашата држава, пред истите да бидат укинати. Како основа на истражувањето во трудот се земаат извештаите на релевантните меѓународни институции за состојбите во судството во Северна Македонија, а пред се извештаите за напредокот на Европската Унија. Клучни зборови: трговски судови, реформи на судство, споредбено искуствo. |