Popis: |
Иако зачетоците на сметководството се многу одамна, 10 ноември 1494 година се смета за почеток на формирањето на професијата сметководител низ целиот свет. Тогаш венецијанскиот математичар Лука Пачиоли, кој го нарекуваат и „татко на сметководството“, ја објави книгата „Збирот на аритметиката, геометријата, соодносите и пропорциите“, во која, меѓу другото, се зборува и за принципите на сметководството и методот на двојно книговодство, а исто така опишува и како да се користат сметководствените регистри и регистрацијата на дневниците за нарачки. Затоа Меѓународниот ден на сметководителот се слави на 10 ноември. Овој празник е признаен од Обединетите нации, по препорака на УНЕСКО. Меѓународниот ден на сметководството секоја година се прославува ширум светот за да им се оддаде признание на сметководителите кои имаат работа полна со предизвици, работа на која малку луѓе се подготвени да и се посветат. Во Република Северна Македонија, овој ден за прв пат беше прославен во 1972 година како “Ден на сметководствената кариера” за да се промовира сметководствената професија, а од 1976 година името се разви во “Ден на сметководството”. |