Popis: |
Оваа теза концептуализира и развива три димензии на праксата на менаџментот на синџирот на снабдување: менаџмент на односите со добавувачите, менаџмент на процесот на производство и развој на производите и комерцијализација. Притоа тезата ги проучува односите помеѓу овие SCM практики како и конкурентската предност и организациските перформанси. Податоците за оваа студијата се собрани од истакнати компании и односите се тестирани со користење на ригорозни статистички техники. Резултатите покажуваат дека повисоките нивоа на SCM праксата може да доведат до позајакната конкурентна предност и подобрување на организациските перформанси. Овие резултати имаат вредност и за академската средина како и за бизнис средината затоа што тие овозможуваат проверка на широко прифатеното верување за ефикасен менаџмент на синџирот на снабдување. Клучни зборови: добавувачи, производство, компанија, производ. |