Autor: |
Kamcev, Nikola, Kamceva, Gordana, Velickova, Nevenka, Sorova, Meri, Delipetrov, Riste, Ivanovska, Verica, Kamceva, Milka |
Rok vydání: |
2013 |
Předmět: |
|
Popis: |
Хемодијализата претставува неопходен и редовен доживотен третман за пациенти со хронична бубрежна болест во терминалната фаза кои неможност за трансплантација. Покрај несомнениот бенефит од третманот со хемодијализа кај оваа група болни, евидентен е ризикот од инфекција со вирусите на Хепатитис Б, Ц и СИДА кои доведуваат до оштетување на црниот дроб. Високата преваленција се должи и на условите во кои се одвива самата хемодијализа, блиските контакти на пациентите носители на хепатални маркери со останатите пациенти, контаминација на дијализните машини со инфицирана крв или секрети. Возможен пат за трансмисија треба да се смета и дијализатот, што настанува преку поминување на ХБВ и ХЦВ од крвта во ултрафилтерот низ дијализната мембрана. Потребно е примена на општи и специфични мерки за превенција од Хепатитис Б, Ц и СИДА вирусна инфекција кај оваа ранлива група на пациенти. |
Databáze: |
OpenAIRE |
Externí odkaz: |
|