Згрижување на 'дентинска рана' како ургентна состојба во современата стоматологија

Autor: Zarkova, Julija
Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2021
Předmět:
Popis: Иако зборот “ургентно” во вистинската медицинска смисла не може да биде применет во стоматолошката протетика сепак постојат голем број состојби кои бараат ургентно згрижување од страна на стоматологот протетичар. Важноста на нивната терапија се состои во овозможување на пациентот нормално да продолжи со секојдневните активности без нарушување на ниедна орална функција ниту на неговиот изглед. Овие состојби може да се појават пред, за време или после спроведениот протетски третман. За време на протетската рехабилитација една од најургентните состојби е згризување на екпонираниот дентин по препарацијата односно по создавањето на т.н дентитнска рана. Соголениот дентин непосредно по препарацијата треба да се заштити со цел да се блокира дејствотото на хемиските, осмотксите, термичките, механичките, токсични и бактериски дразби врз пулпата и предивикување на нејзино заболување или болка. Хемиската и механичката заштита преставуваат третмани на избор. Непревземањето на никаква мерка за заштита може да се смета како стручна грешка, а компликациите причина за неуспех на третманот. Привремените реставрации покрај тоа што обезбедуваат механичка заштита на дентинот овозможуваат истовремено враќање фунцијата на забалото и задоволителен естетски изглед на пациентот, а имаат и дијагностичко значење. Денес постојат голем број техники за изработка на привремените реставрации од конвенционални до современи изработетни со CAD CAM технологија или 3D-принтани. Посебен осврт кон нивните индикации, предности и недостатоци ќе бидат изнесени со цел избор на најсоодветниот во дадената ситуација во секојдневната пракса.
Databáze: OpenAIRE
Pro tento záznam nejsou dostupné žádné jednotky.