Popis: |
Театарските активности на Македонскиот фронт се доволен доказ за театарот како своевиден феномен и потребата од него и во војна и во мир. Според расположивите податоци: фотографии, театарски плакати, записи и сеќавања може да се констатира дека на Македонскиот фронт се посветувало големо внимание на театарски и музички престави. Театрите никнувале на фронтот, на борбените линии во затишјата помеѓу борбите, на борбените положби, во заробеничките логори. Во недостиг на материјали, освен за српските и бугарските војнички театри, нема можности да се зборува за театарски престави на другите присутни војски на Македонскиот фронт. Клучни зборови: театар, музика, претстава, Македонски фронт, Прва светска војна. |