Popis: |
Глувонемите ора во Македонија носат траги од постари културни особености. Се играат без музичка придружба и се сретнуваат во три Етнокорелошки подрачја.Во статијата обработени се осум ора без музичка придружба и тоа од: Западното играорно подрачје, Југозападното играорно подрачје и Источното играорно подрачје. Називите на ората се: старо оро селско, глувонемо, повратешко, к’лц нога, св. Јованско, немско, глуво оро, мученката и комитско.Авторите кои ја истражуваат оваа проблематика ретко ги споменуваат но сепак има оставено малку податоци кои можат да бидат база за научно истражувачка работа.Од фолклорните ансамбли во Републиката, единствено два ансамбла ги имаат на репертоарот, но овие ора не се носители на репертоарскиот дел во програмата. |