Финансиски пазари и институции

Autor: Gogova Samonikov, Marija
Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2021
Předmět:
Popis: Учебникот „Финансиски пазари и институции“ од авторот, проф. д-р Марија Гогова Самоников претставува заокружена целина на темите поврзани со постулатите за постоењето и функционирањето на финансиските системи и сите негови составни елементи. Учебникот е наменет првенствено за изучување на предметот „Финансиски пазари и институции“ од страна на студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, за сите насоки на прв циклус на студии. Учебникот е креиран врз основа на потребата од создавање учебно помагало кое на студентот ќе му овозможи формирање на слика за целокупното функционирање на финансиските системи. Финансискиот систем разгледуван од научен аспект претставува една комплексност составена од повеќе домени и аспекти кои се однесуваат на неговите постулати на функционирање, соодветни норми, потоа институции кои овозможуваат циркулација на паричните и останати средства, а тие влијаат на создавање посебни потсистеми кои го карактеризираат монетарното и јавно работење. Не смее да се заборави и меѓународната димензија на овој финансиски систем, кој неминовно сè повеќе се инфилтрира во сите општества, од најбогати кон најсиромашни, и има влијание во секој општествен систем. За таа цел, учебникот се одликува со голема теоретска и практична значајност, како за студентите, така и за сите останати субјекти кои имаат интерес за проучување на финансиите во целина и неговите основни постулати. Содржински, трудот е конципиран во 4 поглавја.
Databáze: OpenAIRE