Водечки принципи за иден развој при проектирање на клиничка болница

Autor: Velkova Krstev, Angela, Krstev, Aleksandar
Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2021
Předmět:
Popis: Здравствениот систем е комплексен систем кој вклучува организации, луѓе, институции кои сакаат да го промовираат, одржуваат и обноват физичкото здравје. Во светот, а и кај нас испораката на здравствената заштита се менува многу брзо. Иако напредокот во медицинските техники и технологии доведуваат до побрзо разбирање на болестите и нивниот третман, ефикасноста, безбедноста и економичноста на здравствената заштита релативно не се подобруваат. Многу студии ги разработуваат теориите на дизајнот и методите за планирање на болниците за да ги приспособат на идните промени со дизајнирање за флексибилност, приспособливост и проширување, како и пристап на отворени згради во процесот на проектирање и дизајнирање. Но, само неколку од овие истражувања ги примениле овие стратегии во праксата со текот на времето. Преку истражувања се документираат еволутивните процеси на болниците и се илустрираат промените потребни за просторното опкружување, напредокот во медицинските технологии, трансформацијата во нормите на социјалната здравствена заштита и адаптивните стандарди за здравствената политика.
Databáze: OpenAIRE