Popis: |
Екодизајнот е предизвик да се преиспита равојот на производите во процес на креативен дизајн. Целта е да се дизајнира свет кој е еколошки одржлив низ целиот синџир на снабдување и на тој начин да се даде важен придонес за циркуларната економија. Во практичниот дел од семинарот ќе се покаже како облеката може да се развие и произведе користејки ги принципите на екодизајн, а во исто време да се земат во предвид еколошките и економските аспекти. За време на обуката ќе бидат испитувни различни одржливи техники во дизајнот на производи, истите ќе се анализираат и имплмементираат во производство на облека преку вежби во мали тимови. Посебен фокус ќе се даде на техники и теми како што се принципот од лулка до лулка, рециклирање нула отпад, долговечност, можност за обновување, енергетска ефикасност, ниско ниво на проблематични материјали и обновливи суровини. |