Збороредот во простата реченица: инверзија на субјектот и предикатот

Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2019
Předmět:
Zdroj: Journal of Contemporary Philology, Vol 2, Iss 2, Pp 7-25 (2019)
ISSN: 2545-4773
2545-4765
Popis: Во овој труд се разгледува феноменот инверзија на субјектот во македонскиот јазик како пример за збороред што зависи од прагматичкото значење на рече­ницата. Дискусијата претставува анализа на заемната интеракција на повеќе фактори на семантичко, синтаксичко и дискурсно ниво, кои резултираат со појава на постглаголски субјекти со неакузативни глаголи на реченично и на дискурсно ниво. Користејќи примери од јазичен примерок од повеќе видови пишани извори (книжевни, академски и популарни текстови), авторите посо­чу­ваат дека инверзијата на субјектот и предикатот се јавува кај конструкции што се презентациски или реченици-случки, кои воведуваат нов партиципант или нова случка во текстот. Резултатите од анализата ја потврдуваат основната хипотеза дека e инверзијата резултат на заемната интеракција на прагматич­ките функции на реченично и на текстуално ниво. Маркираната информациска структура повлекува инверзија доколку исполнува кохезивна функција во текстот. Во книжевните текстови, инверзијата има дополнителна прагматичка функција, така што му припишува тематски статус на субјектниот референт и предизвикува ефект на очевидност при опишувањето на ситуацијата.
Databáze: OpenAIRE