Фалсификат на лекови

Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2011
Předmět:
Zdroj: Makedonsko Farmacevtski Bilten, Vol 56, Iss (1, 2), Pp 63-70 (2011)
ISSN: 1857-8969
1409-8695
Popis: Појавата на фалсификувани лекови е се почест растечки проблем и претставува општо јавно здравствена закана во светс- ки рамки. Фалсификуваните лекови се разликуваат од сите останати производи по тоа што може да се штетни за пациентите/корисниците, а нивната употреба може да доведе и до фатални последици. Проценувајќи ја оваа проблематика како исклучително сериознa, Светската здравствена организација (World Healtih Organization, WHO е на активнос- ти и мерки за справување со овој феномен. Според дефиницијата на WHO, фалсификувани лекови се производи што се „намерно и лажно етикетирани во однос на идентитетот или изворот“. Според WHO се проценува дека 10% од лекови- те на светскиот пазар се фалсфикувани лекови. Меѓутоа, анализата на WHO покажала дека не е соодветно да се даде една единствена бројка за целиот свет, туку за проценка треба да се земат во предвид повеќе параметри во различните делови на светот. Во почетокот, фалсификуваните лекови се третирале како проблем на земјите во развој, но во последните години проблемот се јавува и во развиените земји. Заклучено е дека проблемот со фалсификувани лекови се јавува подеднакво и во развиените и неразвиените земји. Генерално, појавата на фалсификувани лекови е најизразена во земјите со послабо законодавство, послаби регулаторни и контролни механизми. Во овој труд e даден преглед на проблемот на фалсификувани лекови, идентификувани се факторите што придонесуват за појава на фалсификувани лекови,наведени се видови и типови на фалсификат и досегашните активности за справувување со овој глобален проблем.
Databáze: OpenAIRE