Невозможното враќање дома во пиесата Одисеј од Горан Стефановски

Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2020
Předmět:
Zdroj: Journal of Contemporary Philology, Vol 3, Iss 1, Pp 111-125 (2020)
ISSN: 2545-4773
2545-4765
Popis: Овој труд претставува поливалентна анализа на пиесата Одисеј (2012) на Горан Стефановски и на поместувањата што ги прави таа во однос на класичниот хомеровски мит и неговите прифатени толкувања, препрочитувајќи ја одисејската нарација во светлината на совремието. Пиесата на Стефановски се испишува како интертекстуален и авторефeренцијален лавиринт, кој, освен тоа, ги преиспитува и границите меѓу театарот/фикцијата и стварноста, заменувајќи ја Тројанската војна со онаа во поранешна Југославија и препознавајќи ги денешните мигранти во ликот на Одисеј. Надоврзувајќи се на клучните концепти на постколонијалната теорија и на современите размислувања за егзилот и за мигрантството, во пиесата на Стефановски го разгледуваме децентрирањето на традиционалните категории на татковината, домот, идентитетот, кои тука ги содржат егзилот и хибридноста во своето срце. Притоа, се осврнуваме на невозможното враќање дома на Одисеј, за кого тоа се разоткрива како втор егзил, но и како негово последно патување. Конечно, на пиесата ѝ пристапуваме како на мигрантски ракопис, при што театарот осамнува како усвоениот дом и сонуваната Итака на дијаспоричниот драмски писател Стефановски.
Databáze: OpenAIRE