Popis: |
Во трудот станува збор за периодот на српските училишта во Штип кој започнал 1913 година и завршил со априлската војна 1941 година. Овој период се карактеризира со воведување на гимназиско образование опфатено со телесно-културни воншколски активности. Оваа гимназија била прва таква образовна институција во историјата на Штип и единствена во Источниот регион на Вардарска дел од Македонија.Со оваа гимназија им се отвориле вратите на многу штипски ученици да се запишат на факултет и да се здобијат со универзитетски дипломи.Исто така во овој период биле отворени и занаетчиски училишта кои давале можност за егзистенција на младата популација од Штип. Клучни зборови: Штип, српски училишта, гимназија, занаетчиски школи |