Појавата нa пост 5ари синдрoм кај третман на бенигна простатична хиперплазија co 5 алфа редуктаза инхибитори

Autor: Sofronievska, Maja, Jovevska, Svetlana, Kocubovski, Mihail
Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2019
Předmět:
Popis: Медикаментозниот третман на бенигна простатична хиперплазија подразбира користење на главно две групи лекови: селективни алфа блокатори и 5 алфа редуктаза инхибитори. Кај пациентите кои се на двојна терапија, по воведувањето на 5АРИ во лекувањето, може да се појават несакани дејства кои го чинат „пост 5АРИ синдромот" кој опфаќа сексуални нарушувања и Бекова депресија. Целта на оваа студија е да ја истражи појавата на несакани ефекти, сексуална дисфункција и нарушување на расположението со цел полесно надминување на истите. Спроведовме рандомизирана контролирана проспективна фармакоепидемиолошка студија за евалуација на корелацијата на несаканите ефекти од употребата на 5-алфа-редуктаза инхибитори (5АРИ) кај мажи со бенигна простатична хиперплазија (БПХ). Во прилог на оваа анализа испитани се поврзаноста на еректилната дисфункција и депресијата во моментот на започнување на терапијата и во времето на активна употреба на терапијата во два последователни периоди од по 6 месеци, вкупно во тек на 12 месеци. Направивме евалуација на две групи пациенти преку 3 прашалници и тоа: ИПСС (Интернационален простата скор систем) за скорирање на симптомите од бенигната простатична хиперплазија (лесни, средни или тешки), ИИЕФ (Интернационален индекс за еректилна функција) прашалник за еректилна дисфункција (ЕД) и прашалник за Бекова депресија. Првата (контролна) група ја сочинуваат пациенти со БПХ кои се на терапија со алфа блокатор, додека втората група (испитувана) од пациенти се на комбинирана терапија со алфа блокатор и 5 алфа редуктаза инхибитор. Заклучивме дека постои правопропорционална врска помеѓу еректилната дисфункција и депресивното расположение во рамките на пост 5АРИ синдромот кај пациентите со БПХ лекувани со 5АРИ. Клучни зборови: БПХ, еректилна дисфункција, депресија
Databáze: OpenAIRE