Leksikata od oblasta na medicinata vo makedonskite i hrvatskite crkovnoslovenski tekstovi

Autor: Makarijoska, Liljana, Šimić, Marinka
Jazyk: makedonština
Rok vydání: 2011
Předmět:
Popis: Македонските и хрватските црковнословенски текстови се значаен извор од областа на средновековната медицина, укажуваат на именувањето на деловите на човечкото тело, на болестите, на средствата и на начините на нивното лекување. Во анализата се опфатени жанровски различни текстови, односно изворите за речниците на црковнословенскиот јазик од македонска и хрватска редакција. Се изделува значаен дел од лексичкиот фонд, што им е заеднички и на македонските и на хрватските текстови, како заедничко прасловенско наследство. Најмногу заеднички елементи (со ретки разлики) се среќаваат во именувањето на деловите на човечкото тело, во општите називи за болести, за изнемоштеност, немоќ, за лекување, оздравување, за магиските дејства и тие го потврдуваат единството на црковнословенскиот лексички систем на дијахрониски план. Но има и лексеми кои се специфични само за македонските, односно хрватските текстови главно во врска со именувањето на конкретните болести, при што доаѓа до израз влијанието на народниот говор, различните туѓојазични елементи итн. Пр. во хрватските текстови не е потврдена употребата на турските заемки, а во македонските лексемите од латинско и унгарско потекло.
Databáze: OpenAIRE