Zoonimite vo makedonskite i hrvatskite crkovnoslovenski tekstovi

Autor: Makarijoska, Liljana, Šimić, Marinka
Rok vydání: 2017
Předmět:
Popis: Лексиката од областа на животинскиот свет претставува дел од основниот лексички фонд, a предмет на нашиот интерес се зоонимите во македонските и хрватските црковнословенски текстови врз основа на корпусот на речниците на црковнословенскиот јазик од македонска и хрватска редакција, но и од дополнителни извори. Во рамките на анализата се изделуваат називите за: четириножни животни (диви и домашни), птици, влекачи, риби, инсекти. Може да се заклучи дека најголем број од зоонимите имаат прасловенско потекло, а има и моравизми, грцизми, романизми, германизми, а исто така и дека најголем број зооними се потврдени во библиските текстови. Се посветува внимание и на лексичките слоеви, на синонимите и на текстолошките дублетни форми.
Databáze: OpenAIRE