EVALUATION OF YIELD AND YIELD RELATED COMPONENTS OF SPRING BARLEY VARIETIES BASED ON MULTIVARIATE ANALYSЕS.

Autor: Ruzdik, Natalija Markova, Mihajlov, Ljupco, Ilievski, Mite, Ilieva, Verica, Kovacevik, Biljana, Todevska, Daniela
Předmět:
Zdroj: Journal of Agriculture & Plant Sciences; 2023, Vol. 21 Issue 2, p45-51, 7p
Abstrakt: Целта на овој труд е да се направи евалуација на приносот и компонентите на принос кај пролетни сорти јачмен одгледувани во Република Северна Македонија со примена на мултиваријантни анализи. Како материјал за работа во овој експеримент беа употребени пет пролетни сорти на јачмен (Makedo, Xanadu, Josefin Variety, Gladys Variety и Scarlet Variety). Makedo е македонска сорта, а останатите се со странско потекло. Опитот беше поставен во рандомизиран блок систем, со три повторувања, спроведен на површините во Пробиштип, Република Северна Македонија. Сортата Makedo покажа највисока вредност за принос на зрно (6.844 kg/ha), број на класови на m² (668), број на зрна во клас (22) и хектолитарска маса (68.5 kg/hl). Со помош на компонентна векторска анализа издвоени се две главни компоненти, кои претставуваа 82.46% од целата варијабилност помеѓу сортите и испитуваните својства. Првата главна компонента (ПЦ1) претставува 59.92% од варијабилноста, а вредностите на факторите на оптоварување за бројот на класови на m² (0.49), принос на зрно (0.48) и број на зрна во клас (0.47) позитивно влијаат по првата главна компонента. Втората главна компонента (ПЦ2) претставува 22.53% од варијабилноста, а вредноста на факторот на оптоварување за маса на 1.000 зрна позитивно влијае по втората главна компонента. Од сите пролетни сорти кои беа предмет на истражување, само сортата Makedo покажа позитивни вредности по двете главни компоненти. Приносот на зрно покажа позитивна корелација со бројот на класови на m2 (r = 0.795) од една страна и со бројот на зрна во клас (r = 0.632) од друга страна. [ABSTRACT FROM AUTHOR]
Databáze: Complementary Index