Примена и можности на FISH (fluorescent in situ hybridization) методата во цитогенетски истражувања

Autor: Drpljanin, Azra, Velickova, Nevenka
Jazyk: angličtina
Rok vydání: 2022
Předmět:
Popis: FISH (Fluorescence in situ hybridization) методата е спој на конвенционална цитогенетика и молекуларната биологија, истата се базира на хибридизација на одредена генска секвенца од испитуваниот хромозом и соодветна нуклеотидна низа одбележана со флуоросцентен маркер (проба). Методата се користи за локализација и скрининг на одреден ген во геномот, детекција на различни мутации или детекција на експресијата на одреден гени. Во текот на последната деценија FISH методата се почесто се користи како стандардна и истражувачка метода особено во делот на цитогенетиката. Се работи за високо специфична метода со која се потврдуваат хромозомски аберации во интерфазно јадро на различни клеточни линии (широк спектар на клеточни култури, свежи и замрзнати примероци, цитолошки материјал за анализа, ткива фиксирани во формалин и вклопени во парафин).
Databáze: OpenAIRE