Состоjбата на сообраќајната бучава на две делници од автопатот А-2A (E-65) Скопје-Тетово и предлог мерки за заштита

Autor: Filipovski, Atanas, Gigovski, Vlatko, Mijoski, Goran, Glavinov, Aleksandar
Rok vydání: 2019
Předmět:
Popis: На поголем број патишта во РС Македонија изградени пред десетина па и повеќе години не се размислуваше за штетното дејство предизвикано од преголемата сообраќајна бучава. Во светски размери сообраќајната бучава припаѓа на топ 3 по загадувањето, веднаш по загадувањето од водата и аерозагадувањето. Во трудот се избрани две карактеристични делници од автопатот Скопје-Тетово, изграден во 2000 год., на кои е извршено мерење на сообраќајната бучава во дневен период (од 6,00 до 22,00 ч и во ноќен период од 22,00 ч до 6,00ч ). За споредба извршена е пресметка на нивото на сообраќајната бучава за дневен и ноќен период спорд нашите (Европските) стандарди со валидни индикатори и е констатирано дека мерените и пресметаните вредности на бучавата како преку ден , а уште повеќе преку ноќ се знатно повисоки од дозволените. Врз основа на конфигурацијата на теренот за двете делници предложени се мерки за намалување на сообраќајната бучава под дозволеното ниво. Клучни зборови Сообраќајна бучава, заштитни бариери, мерења, индикатори, загадување
Databáze: OpenAIRE