Kвантитативно одредување на калпротектин во асцит кај пациенти со спонтан бактериски перитонитис

Autor: Lidija Petkovska, Fana Lichoska-Josifovikj, Sefedin Biljali, Rozalinda Popova-Jovanovska, Viktoria Caloska-Ivanovska, Kalina Grivceva-Stardelova, Emilija Petrovska, Meri Trajkovska
Rok vydání: 2020
Předmět:
Zdroj: Archives of Public Health. 12:23-32
ISSN: 1857-7148
DOI: 10.3889/aph.2020.4475
Popis: Спонтаниот бактериски перитонитис (СБП) кај пациентите со црнодробна цироза е новонастаната, спонтана бактериска инфекција на стерилна асцитна течност, во отсуство на интраабдоминални извори на инфекција или малигнитет. Најсензитивен показател за поставување на дијагнозата е бројот на полиморфонуклеарни клетки (ПМНК) ≥250 во 1 мл асцитна течност (рачно микроскопско или автоматизирано пребројување) и/или кога во микробиолошката култура биде изолиран еден бактериски вид. Цел на трудот е да се одреди концентрацијата на калпротектин во асцит кај пациентите со СБП и не-СБП, да се споредат просечните вредности на Turcotte-Pugh II и MELD скорот кај пациентите со СБП и не-СБП и просечните вредности на C-реактивниот протеин во серум и во асцит во испитуваните групи. Материјали и методи. Во оваа проспективно-аналитичко-опсервациска пилот студија беа вклучени 30 пациенти со црнодробна цироза и асцит, поделени во две групи, СБП и не-СБП. Квантитативното мерење на калпротектин во асцит се вршеше со тестот Quantum Blue Calprotectin Ascites (LF-ASC25). Тестот е дизајниран за селективно мерење на антигенот на калпротектинот (MRP8/14) со директен сендвич имуноесеј. Примероците од асцитот се разредуваа со Chase Buffer во однос 1:5 и по 12 минути инкубација на собна температура, интензитетот на сигналот на линијата за тестирање и контролната линија се мереа квантитативно со BÜHLMANN Quantum Blue®Reader. Собраните податоци се обработија со помош на статистичкиот програм SPSS 23 за Windows. Резултати. Во нашата студија просечната вредност на калпротектин кај пациентите со СБП изнесуваше 1,4 μg/mL. Најниската вредност на калпротектин во испитуваната група беше регистрирана кај еден пациент со вредност од 0,61 μg/mL, додека највисока вредност од 1,81μg/mL кај четири пациенти. Резултатите покажаа повисоки вредности на калпротектин во асцит кај пациентите со алкохолна болест на црниот дроб во споредба со останатите етиологии. Рефракторен асцит се регистрира кај 60,0% од испитаниците, а само кај еден пациент (6,7%) се регистрира Klepsiella pneumoniae во микробиолошката анализа на асцитот. Според Child-Turcotte-PughII класификација сите пациенти од испитуваната група беа класа C, додека просечната вредност на MELD скорот изнесуваше 29,8±6,14. Разликата помеѓу просечните вредности наC-реактивниот протеин во серум и во асцит кај пациентите со СБП беше статистички сигнификантна во споредба со не-СБП. Заклучок. Kвантитативното одредување на калпротектинот во асцит со тестот Quantum Blue Calprotectin Ascites(LF-ASC25) може да се користи како алтернатива наполиморфонуклеарните клетки (ПМНК) во асцит. СБП се јавува кај пациенти со сериозна црнодробна дисфункција пресметана според Child-Pugh II скорот и MELD скорот. Вредноста на C-реaктивниот протеин во серум и во асцит кај пациентите со СБП немаше високи вредности ,но сепак беше утврдена сигнификантна разлика во споредба со пациентите со не-СБП.
Databáze: OpenAIRE